Регионалната кошаркарска АБА лига објави дека утре ќе стартува изданието во јуниорска конкуренција.
Тимови, составени од играчи до 19 години, се поделени во две групи, а меѓу нив ќе биде и македонскиот јуниорски тим на МЗТ Скопје Аеродром.
Во групата А во Белград ќе играат: Црвена ѕвезда, Цибона, Мега Бемакс, Морнар и МЗТ Скопје.
Петте екипи кои ќе играат на турнир во Загреб се: Цедевита, Партизан, Будуќност, Игока и Олимпија.
Двете првопласирани екипи од групите ќе играат на завршниот турнир во Лакташи.