Македонија со четворица кик боксери на Светското јуниорско првенство

Од:

Македонија ќе биде претставувана од четворица кик боксери на претстојното Светско првенство за јуниори.

На шампионатот кој ќе се одржува во Римини, Италија, боите на  Македонија ќе ги бранат млади но искусни кик боксери. Марија Божиновска и Марио Доневски ќе настапат во дисциплината „кик лат“ во категориите +70 и -69 килограми, а Бобан Илиоски и Једис Рамадани ќе се натпреваруваат во дисциплината „лоу кик“ во категориите -71 и -67 килограми.

Младите кик боксери на ринг и татами ќе ги предводи тренерот на репрезентација  Драган Атанасовски кој за помошник ќе го има Александар Стефковски.

На шампионатот ќе патува и претседателката на Федерацијата Александра Неделковска, која ќе присуствува на годишното собрание на бордот на директори на светската ВАКО  асоцијација.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Дали Холовеј го постигна најголемиот нокаут на сите времиња?

Предраг Петровиќ

ВИДЕО:Телевизиски водител за прв пат влезе во рингот против професионалец, не издржа ни една минута

Предраг Петровиќ

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Шампионот на Европа по тепачката вади пиштол и пука по луѓе

Предраг Петровиќ

Поранешниот олимпиец ја убил девојката и ја фрлил од надвозник, и вбризгал седатив за коњи

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Олександр Усик ја одбрани светската титула во тешка категорија

Горан Наумовски

ВИДЕО: Боксот има нов „крал“: Крафорд испиша историја