Македонија на ЗОИ ќе ја претставуваат тројца спортисти

Од:

На Зимските олимписки игри кои што ќе се одржат во Пјонгчанг, Јужна Кореја, Македонија ќе ја претставуваат тројца спортисти.

Боите на Македонија ќе ги бранат Антонио Ристевски (алпско скијање: слалом и велеслалом), Ставре Јада (крос кантри: спринт и 15км.) и Викторија Тодоровска (крос кантри: 10 км.).

Делегацијата ќе отпатува за Пјонгчанг на 7 февруари, а два дена претходно ќе се одржи и свечената презентација на спортистите.

На ЗОИ ќе настапат спортисти од 92 држави, односно Национални олимписки комитети. Тие ќе се натпреваруваат во 7 спортови, 15 спортски дисциплини и 102 спортски натпреварувања.

Игрите започнуваат на 9 февруари, а ќе траат две седмиици, односно до 25 февруари.

Би можело да ве интересира

Лондон го критикува Пекинг за поддршката на Аргентина за суверенитетот на Фолкландските острови

А1он

По првиот викенд во Пекинг – студ и „брутален“ карантин

Ана Ололовска

Лудвиг ја продолжи германската доминација во санкањето

Ана Ололовска

Џакара донесе прво зимско злато за Австралија по 12 години

Ана Ололовска

Ван дер Пел со олимписки рекорд и злато, легендарниот Крамер само деветти

Ана Ололовска

Кобајаши е наследникот на Фунаки – олимпиското злато на малата скокалница!

Ана Ололовска