Македонија на 11. место на ЕХФ ранг листата

Од:

Европската ракометна федерација (ЕХФ), денеска го објави официјалното рангирање на европските репрезентации според настапите и резултатите во 2014 и 2015 година. Земени во предвид вкупните учиноци како на сениорските, така и на репрезентациите во младите категории, Македонија е на 11. позиција во машка и на 19-та во женска конкуренција.

При пресметувањето, земени во предвид се настапите на сите селекции на Македонија во 2014 и 2015 година, но не е вкалкулиран настапот од Европското машко сениорско првенство што во Полска се одржа во јануари 2016 година.

Според вкупното рангирање, Македонија се наоѓа на 18-то место, но за очекување е дека пласманот ќе се подобри пред се поради тоа што нашата сениорска машка репрезентација оствари подобар пласман на последното ЕП од шест од осумте репрезентации кои моментално држат некоја од 10-та до 17-та позиција (Унгарија, Словенија, Холандија, Црна Гора, Исланд и Србија).

Би можело да ве интересира

РФМ: Благодарност до македонската ракометна јавност

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ

Србија го извлече Косово – ждрепката веднаш прекинатa

Не сака да игра за репрезентацијата додека Хрватот е селектор

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Избегната тепачка на ракометен натпревар од Европската лига

Предраг Петровиќ

Македонските ракометари поуспешни од Грција во подготовките за ЕП