Македонскиот олимписки комитет (МОК) соопшти дека нашата земја во периодот 12 до 28 јуни ќе учествува на првите Европски игри во во Баку, Азербејџан.
МОК во соработка со Националните спортски федерации и на нивен предлог, а согласно правилата на ЕИ БАКУ 2015, пријави спортисти во следните спортови: самбо, кајак, гимнастика, атлетика, борење, џудо, пливање, карате и стрелаштво.
Македонскиот олимписки комитет за сите спортисти обезбеди финансиски средства за спортска опрема, подготовки и учество на игрите, силно верувајќи дека на првите Европски игри, кои во многу спортови се и квалификациони за обезбедување на норма за учество на ЛОИ Рио 2016, македонските спортисти ќе постигнат забележителни резултати.