Македонија ќе ги дознае противниците во квалификациите за ЕП 2020

Од:

Репрезентацијата на Македонија денеска ќе ги дознае противниците во квалификациите за ЕП 2020.

Македонската репрезентација е сместена во петтиот шешир пред денешната ждрепка, која ќе започне во 12 часот по македонско време во Даблин.

Тимовите ќе бидат поделени во 5 групи од 5 екипи и 5 групи од 6. Првите два тима ќе се квалификуваат директно за шампионатот. Ова остава четири места што треба да се одредат од страна на победниците или второпласираните во Лигата на нациите. Македонија се избори за место во плеј-офот од „Д“ дивизијата преку која истотака може да стигне до ЕП, кое ќе се одржува во 12 земји.

Натпреварите ќе се одржат од 21 март до 19 ноември 2019 година.

Еве и кои се можните ривали на избраниците на селекторот Игор Ангеловски за претстојните квалификации:

Прв шешир: Белгија, Хрватска, Англија, Франција, Холандија, Португалија, Италија, Шпанија, Швајцарија, Полска.
Втор шешир: Германија, Исланд, Босна и Херцеговина, Украина, Данска, Русија, Австрија, Велс, Чешка, Шведска.
Трети шешир: Словачка, Турција, Ирска, Северна Ирска, Норвешка, Србија, Финска, Шкотска, Израел, Бугарија.
Четврти шешир: Албанија, Кипар, Естонија, Грузија, Грција, Литванија, Црна Гора, Словенија, Унгарија, Романија.
Петти шешир: Ерменија, Азербејџан, Белорусија, Гибралтар, Казахстан, Косово, Луксембург, Македонија, Молдавија, Фарски Острови.
Шестти шешир: Андора, Лихтенштајн, Сан Марино, Малта.

Би можело да ве интересира

УЕФА ги казни Романците поради транспарентот „Косово е Србија“

Предраг Петровиќ

Македонски и бугарски клуб со заедничка акција: „Не за насилството“

Ана Ололовска

Бод против Бугарија во Разград: Македонија беше подобра, но не победи

А1он

Пеналите одредија три полуфиналисти во македонскиот куп

А1он

Четвртфиналните натпревари од фудбалскиот Куп на Македонија се одигруваат утре

А1он

Милевски: Италија е фаворит, но за исходот ќе се прашуваме и ние

А1он