Македонец ќе му суди на Јувентус

Од:

Македонскиот интернационален судија Александар Ставрев ќе ја дели правдата на мечот помеѓу Јувентус и Нордсјиланд.

Уште едно големо признание за македонскиот интернационален судија Александар Ставрев. Откако одлично ја заврши својата работа на мечот БАТЕ Борисов – Баерн Минхен, македонскиот арбитар повторно доби можност да ја дели правдата на натпревар од Лигата на шампионите.

Ставрев ќе биде главен на мечот помеѓу Јувентус и Нордсјиланд, дуел кој ќе се одигра во Торино на 7-ми ноември, односно во среда. Асистенти на овој меч ќе бидат нашите судии Марјан Кировски и Дејан Костадинов, а четврти судија ќе биде Душко Милошевски. Зад головите ќе бидат Димитар Мечкаровски и Горан Спиркоски.

Би можело да ве интересира

Прв трофеј за Манчестер сити во Лигата на шампионите

Ана Ололовска

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

Нема „бегање“ од судбината – Барса повторно „налета“ на Баерн во ЛШ, во нивната група и Интер!

Горан Наумовски

Левандовски: Ние сме најголемите фаворити во ЛШ

А1он

Виљареал ја совлада Аталанта за осминафинале во ЛШ

Ана Ололовска

Последно коло од групната фаза во Лигата на шампиони

Ана Ололовска