Мајорка бега од дното во Примера

Од:

Фудбалерите на Мајорка ќе се обидат во последните две кола од Примера да го избегнат испаѓањето. Тие синоќа на последниот натпревар од 36.круг пред своите навивачи го победија Бетис со 1:0.

Стрелец на единствениот гол беше Томер Хемед во 21.минута.

Со новите три бодови, Мајорка се искачи на 19.место со 32 бода, а сега последна е Селта со 31 бод. Пред овие две екипи се наоѓа Сарагоса со 34 бодови.

Во пресрет на одигрување на 37 и 38.коло надвор од зоната за испаѓање се Депортиво Ла Коруња со 35 бодови и Осасуна со 36.

Бетис по синоќешниот пораз остана на 7.место со 52 бода и значително си ги намали шансите за пласман во Лига Европа, бидејќи конкурентот Малага има два бода повеќе.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Шпанците немаа милост за Костарика

Најдобриот играч ја напушта Валенсија и се сели на Островот

Горан Наумовски

Поради транспарент Вукчевиќ си замина од ФК Лапи

Горан Наумовски

Спотифај нов спонзор на Барселона – тригодишен договор вреден 280 милиони евра

Катерина Ѓуровски

Барса во „бурен“ меч го доби Атлетико за да гo помине на табелата

Ана Ололовска

Браис Мендез два пати го совлада Димитриевски – Селта го победи Рајо Ваљекано

Ана Ололовска