Познатиот американски пливач носител на 22 олиписки медали, Мајкл Фелпс е уапсен од полицијата откако бил фатен како вози автомобил во пијана состојба.
Инцидентит се случил во Балтимор во сојузната држава Мериленд, ноќеска околу два часот по полноќ, кога полицискиот радар кај еден подземен премин регистрирал дека најуспешниот американски пливач, возел со брзина од 135 километри на час,во реон каде е дозволена максималана брзина од 75 километри.
При спроведениот алко-тест било утврдено дека Фелпс има во крвта и повеќе алкохол од дозволеното,па бил уапсен и сослушуван од полицијата.
Во полициското соопштение се вели дека познатиот спортист кој се повлече од натпреварувањето,се однесивал коректно, не пружајќи никаков отпор при апсењето.По сослушувањето,против него било подигнато обвинување, по што бил ослободен.
Ова не е прв ваков инцидент со 28-годишниот пливач. Во 2004 година, Фелпс беше фатен како вози автомобил под влијание на алкохол и задражан од полицијата .Подоцна беше осуден на условна казна од 18 месеци општествено корисна работа.