Маја Зебиќ во Вардар СЦБТ

Од:

Хрватската ракометарка Маја Зебиќ е најновото засилување на ЖРК Вардар СЦБТ за следната сезона.

Искусната 31-годишна хрватска репрезентативка игра на позицијата лево крило, а во составот на „црвено-црните“ доаѓа по една сезона помината во РК Заечар.

– Пресудно да преминам во Вардар беше одличната екипа која ја состави македонскиот тим. Едноставно сакав да бидам дел од тоа, бидејќи сметам дека таа екипа на ракометарки која доаѓа во Скопје може да стигне далеку во Лигата на шампионите. Заминувањето во Вардар го сметам за чекор напред во мојата кариера, вели Маја Зебиќ.

Со Зебиќ, Вардар СЦБТ потпиша едногодишен договор. Пред да се пресели во Заечар, Зебиќ една година настапуваше за шпанската екипа Итчако. Оттаму заедно со Бегоња Фернандез лани заминаа во Србија, а од следната сезона хрватската и шпанската репрезентативка повторно ќе бидат во ист тим, овој пат во дресот на ЖРК Вардар СЦБТ.

Професионалната кариера ја почна во 1996 година во Сплит Калтенберг, а краток период го носеше и дресот на ЖРК Локомотива. Потоа седум години беше дел од екипата на Подравка Вегета, а следната дестинација и беше Шпанија.

Од 2003 година Зебиќ е стандардна во составот на репрезентацијата на Хрватска со која го освои 7. место на СП 2011 во Бразил, истиот пласман Хрватките го повторија и на ОИ во Лондон, а на последното ЕП 2012 во Србија завршија на 13.место.

Би можело да ве интересира

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ

Србија го извлече Косово – ждрепката веднаш прекинатa

Не сака да игра за репрезентацијата додека Хрватот е селектор

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Избегната тепачка на ракометен натпревар од Европската лига

Предраг Петровиќ

Македонските ракометари поуспешни од Грција во подготовките за ЕП

На сред сезона излезе во јавноста и кажа-крај

Предраг Петровиќ