Маер го одбрани златото во супер-џи и влезе во олимписката историја

Од:

Матијас Маер ја одбрани олимписката титула во супервелеслалом и стана првиот алпски скијач во историјата кој освоил злато на три различни Зимски олимписки игри по ред.

Маер беше олимписки првак во истата дисциплина и пред четири години во Пјеонгчанг, а во 2014 година во Сочи победи во спуст.

Искусниот Маер во Пекинг ја одбрани титулата во супервелеслалом и само за 4 стотинки имаше подобро време од сребрениот Рајан Кохран-Сигл од САД, додека трет беше Александер Омот Килде од Норвешка.

За Маер, ова е втор медал на ЗОИ во Пекинг, откако го освои третото место во спуст.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Шчербакова го освои златото во уметничко лизгање

А1он

ВИДЕО: Трусова направи историски подвиг, па во солзи изјави дека се откажува

А1он

Гисин повторно најдобра во комбинација

ВИДЕО: Лизгачката која несакајќи ги покажа градите на последните Олимписки игри, сега освои златен медал

А1он

Одермат златен во велеслалом, Словенецот Крањец сензацонално до среброто

Блинкен не исклучува руски напад врз Украина и за време на ЗОИ во Пекинг

А1он