Мадридското дерби за Реал

Од:

Градското дерби на 33. коло во Примера му припадна на Реал Мадрид откако на гостувањето го совлада Атлетико Мадрид со 2:1.

Домашните поведоа во 4.минута преку Радамел Фалкао, а Реал изедначи со автоголот на Хуанфран во 14.минута. Победата на „кралскиот клуб“ на стадионот „Висенте Калдерон“ му ја донесе Анхел Ди Марија во 63.минута.

Со оваа победа Реал се зацврсти на второто место.

На другите натпревари од оваа рунда: Сарагоса – Мајорка 3:2, Атлетик Билбао – Барселона 2:2, Леванте – Селта 0.1, Рајо Ваљекано – Осасуна 2:2.

Денеска се играат натпреварите: Еспањол – Гранада, Малага – Хетафе, Ваљадолид – Севиља и Реал Сосиедад – Валенсија.

Колото ќе биде комплетирано во понеделник со натпреварот Бетис – Депортиво.

Табела: Барселона 85 бодови, Реал Мадрид 74, Атлетико Мадрид 68, Реал Сосиедад 55, Валенсија 53, Малага 50, Бетис 48,…

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Шпанците немаа милост за Костарика

Најдобриот играч ја напушта Валенсија и се сели на Островот

Горан Наумовски

Поради транспарент Вукчевиќ си замина од ФК Лапи

Горан Наумовски

Спотифај нов спонзор на Барселона – тригодишен договор вреден 280 милиони евра

Катерина Ѓуровски

Барса во „бурен“ меч го доби Атлетико за да гo помине на табелата

Ана Ололовска

Браис Мендез два пати го совлада Димитриевски – Селта го победи Рајо Ваљекано

Ана Ололовска