Мадридско финале во Лисабон

Од:

Атлетико Мадрид, во полуфиналниот реванш го совлада Челзи во Лондон со 3:1, со што избори пласман во финалето во Лигата на шампиони.

Атлетико последен пат во финалето играше пред 40 години, кога загуби од Баерн во тогашниот Куп на шампиони.

Атлетико во финалето ќе игра против Реал, тоа ќе биде прво финале во историјата на Лигата на шампиони во кое ќе играат екипи од ист град.

Челзи и покрај поставеноста на играчите не се определи за стрикно чување на својот гол.

Таквата игра ан ‘сините’ им донесе водство во 37. минута. Вилијан на десната страна од игра со еден потег ги исфрли Фелипе Луис и Коке, Аспиликуета ја проследи на десет метри од голот на Атлетико, каде Торес од од прва го совлада Куртоа.

Од почит кон поранешниот клуб, Торес не го прослави голот.

Предноста на Челзи ја анулира Адријан Лопез во претоследната минута од првиот дел. Играчите на Атлетико комбинираа по левата страна, Тијаго нафрли на споритвната статива, Хуанфран со глава ја врати во петерецот, таа мина крај тројца дефанзивци на Челзи стигна до Адријан која ја смести во голот.

Моментот кој го реши конечниот победник се случи во 58. минута, Ето кој само четири минути претходно влезе во игра, непотребно го фаулираше Диего Коста, а судијата Рицоли покажа на белата точка. Бразилецот пеналот го претвори во гол за 1:2.

Три минути подоцна центаршут на Вилијан, удар со глава на Давид Луиз, но стативата беше сојузник на Куртоа.

Третиот гол за Атлетико го постигна Туран во 71. минута. Одново Хуанфран беше заборавен на десната страна, на топката која ја нафрли натрча Туран, првиот негов обид заврши во гредата, а откако ниту еден од дефанзивците на Челзине интервенираше, турскиот репрезентативец ја спроведе зад грбот на Шварцер.

Би можело да ве интересира

Прв трофеј за Манчестер сити во Лигата на шампионите

Ана Ололовска

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

Нема „бегање“ од судбината – Барса повторно „налета“ на Баерн во ЛШ, во нивната група и Интер!

Горан Наумовски

Левандовски: Ние сме најголемите фаворити во ЛШ

А1он

Виљареал ја совлада Аталанта за осминафинале во ЛШ

Ана Ололовска

Последно коло од групната фаза во Лигата на шампиони

Ана Ололовска