Лукаку: Интер се надева дека ќе ја освои Лигата на Европа

Од:

Двојниот стрелец за Интер во вечерашниот триумф над Џенова (3:0), Ромелу Лукаку ја кажа целта на неговиот тим за остатокот од сезоната.

– На индивидуално ниво, задоволен сум од себе, но можам да кажам дека како тим можеме да направиме многу повеќе. Имаме добра постава. Не е лесно да се освои второ место во Италија, но сакаме да победуваме и да одиме што е можно повисоко. Сакам да му помогнам на Интер да го постигне тоа.

На патот до 36. коло изгубивме премногу бодови, но ние сме млади и се стремиме да станеме подобри. Сега нашата цел е да направиме успех во последните кола, а потоа и во Лигата на Европа. Да видиме каде ќе бидеме после финалните натпревари од првенството. Потоа ќе започне Лига Европа и нема да биде лесно, но се надеваме дека ќе го освоиме трофејот, рече белгискиот репрезентативец во интервјуто за „Скај Спорт Италија“.

Во осминафиналето од Лигата на Европа, Интер ќе игра со Хетафе од Шпанија.

Би можело да ве интересира

Италија во Скопје со нов селектор, Манчини си поднесе оставка

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Навивачите на Интер направија хаос: Упаднаа во хотелот кај фудбалерите и направија луда атмосфера

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Легендата во солзи на теренот: Дали е ова крајот на една од најголемите кариери?

Ана Ололовска

Осимен ги врати Наполи во трката за скудетото

Ана Ололовска

Каљари ја продолжи кризата на Аталанта и излезе од зоната за испаѓање

Ана Ололовска