Утре во Белград, македонскиот првак МЗТ Скопје Аеродром гостува кај Партизан, екипа која што исто така е во лоша резултатска серија, а во текот на неделета го смени и тренерот Мирослав Николиќ со Ненад Чанак.
Жељко Лукајиќ, тренерот на МЗТ, кој досега тимот го водеше на два натпревара смета дека против Партизан треба да се покаже желба за надигрување.
– Факт е дека не може да му се заканувате на Партизан во Белград, особено во една ваква ситуација кога и кај нив доаѓа до шок терапија со промена на тренерот. Веднаш се гледа поинаква филозофија во нивната игра, пред сѐ во пристапот. Но, ова е дуел во кој сѐ е отворено. Ќе мора да одиграме цврста одбрана и да го спречиме противникот да не постигнува лесни поени во транзиција и во секундарни напади. Ако ни се укаже шанса сигурно ќе пробаме да изненадиме, за клупскиот сајт изјави тренерот Лукајиќ.
МЗТ има две победи во АБА Лигата, додека Партизан има пет.