Лука Модриќ: Сакам да успеам во Реал

Од:

Фудбалерот на Реал Мадрид, Лука Мадриќ верува дека може да постигне успех во клубот и покрај тоа што до сега не доби вистинска шанса.

Модриќ во крајот на август од Тотенхем, премина во шпанскиот клуб за 33 милиони фунти, и од тогаш обично седи на клупата за резервни играчи.

-Знам дека имам поддршка од соиграчите и тренерот и затоа не се вознемирувам. Навивачите ќе бидат задоволни, бидејќи ќе му помогнам на Реал да оствари добри резултати – изјави Модриќ.

Хрватскиот репрезентативец додаде дека дава се од себе, за да се поправат работите.

-Не сакам да го оценувам досегашниот учинок, сигурно е дека не сум среќен. Во некои натпревати покажав зошто сум овде, но исто така во некои одиграв слабо – додава 27-годишниот фудбалер.

Модриќ до сега одигра 18 натпревари а постигна само еден гол.

Тој кариерата ја започна во 2003 година во Динамо од Загреб, а играше и во Зрињски и Запрешиќ, а од 2008 година помина во Тотенхем.

За репрезентацијата на Хрватска одигра 63 натпревари и постигна осум голови.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Шпанците немаа милост за Костарика

Најдобриот играч ја напушта Валенсија и се сели на Островот

Горан Наумовски

Поради транспарент Вукчевиќ си замина од ФК Лапи

Горан Наумовски

Спотифај нов спонзор на Барселона – тригодишен договор вреден 280 милиони евра

Катерина Ѓуровски

Барса во „бурен“ меч го доби Атлетико за да гo помине на табелата

Ана Ололовска

Браис Мендез два пати го совлада Димитриевски – Селта го победи Рајо Ваљекано

Ана Ололовска