Луис Енрике тренерот на Барселона, изјави дека оваа сезона цел на шпанскиот фудбалски гигант е освојување на три трофеи.
– За мене освојување на два трофеи би било одлично, но несмееме да заборавиме и на „Кралскиот куп“. Сезоната штотуку започна, а ние сакаме да освоиме три пехари. Не сум нервозен што ќе дебитирам во Лигата на шампиони, неправам разлика во однос на првенството. Можеби за дел од играчите тоа е нешто посебно, но за нас тренерите овој натпревар е како и секој друг’, изјави Енрике за шпанските медиуми пред утрешниот натпревар против АПОЕЛ во првото коло од групната фаза на Лигата на шампиони.
Покрај кипарската екипа, противници на Барселона во групата Е од Лигата на шампиони ќе и бидат Париз Сент Жермен и Ајакс.
Последен пат Барселоа за последен пат до тројна тројна круна стигна во 2009 година, под раководство на Пеп Гвардиола, кога триумфираше во Лигата на шампионите, националното првенство и Купот на Шпанија.