Тренерот на Украински Шахтјор, Мирчеа Луческу не ја криеше својата восхит кон Јувентус, наведувајќи го клубот од Торино за сигурен финалист во Лигата на Шампионите оваа сезона.
„Сигурен сум дека Јувентус ќе достигне до финалето во Лигата на шампионите”, изјави Луческу пред новинарите.
„Јуве веќе има силен состав и со привлекувањето на Карлос Тевез веќе е комплетен тим” , додаде 68-годишниот Романец, чиј тим е во група во Лигата на Шампионите со Манчестер Јунајтед, Баер Леверкузен и Реал Сосиедад.