ЛШ: Белорускиот шампион ќе игра во Белград поради санкциите од ЕУ

Од:

Белорускиот фудбалски првак Шахтјор од Солигорск својот домашен натпревар против бугарски Лудогорец во рамки на 1. квалификациско коло во Лигата на шампиони (ЛШ) ќе го игра на неутрален терен во Белград поради санкциите во авиосообраќајот што Европската унија (ЕУ) ги воведе кон Белорусија.

– Екипата на Лудогорец не извести дека Европската агенција за воздухопловна безбедност (ЕААС) негативно одговорила на нивното барање да направи исклучок во забраната за летови кон нашата земја, што не принуди реванш натпреварот на 14 јули место во Солигорск да го играме на неутрален терен. Од неколкуте опции што ги разгледувавме го избравме стадионот на екипата на Чукарички во Белград, соопшти денеска претседателот на Шахтјор, Олександар Марченко.

Како одговор на присилното слетување на авион на „Рајанер“ во Минск и апсењето на белорускиот опозициски активист Роман Проташевич во мај годинава, ЕУ воведе забрана за летови кон и од Белорусија, вклучувајќи и забрана белоруските авиокомпании да летаат низ европскиот воздушен простор и да слетуваат на аеродромите во ЕУ.

Победникот од пресметката меѓу Лудогорец и Шахтјор во 2. квалификациско коло во ЛШ ќе игра со победникот од двомечот меѓу македонскиот првак Шкендија и Мура од Словенија.

Би можело да ве интересира

Ибрахимовиќ нема да му помогне на Милан во натпреварот од Лигата на шампионите против Атлетико

Ана Ололовска

Де Лаурентис е подготвен да потроши 10 милијарди евра за да создаде турнир што ќе ги замени ЛШ и ЛЕ

Ана Ололовска

Солскјер во одбрана на Лингард чија грешка доведе до пораз на Манчестер јунајтед кај Јанг Бојс

Ана Ололовска

Нагелсман по триумфот над Барселона: Баерн имаше проблеми во првите 7-8 минути, потоа се адаптиравме

Ана Ололовска

Дибала: Важно е што победивме во Малме по лошиот старт на сезоната во Серија А

Ана Ололовска

Возбудлив почеток на групната фаза во ЛШ, Јунајтед поразен, реми со четири пенали во Севиља

Ана Ололовска