Екипата на Барселона е домаќин на Рома во дербито на вечерта од претпоследно коло на групната фаза на фудбалската Лига на шампиони.
Каталонците во овој дуел влегуваат по триумфот над Реал во националното првенство, додека Рома ќе се обиде да остане непоразена и со тоа да направи чекор кон пласман во следната фаза.
Во Минхен, Баерн и Олимпијакос ќе играат во мечот за првото место во „Ф“ конкуренцијата, а битка за опстанок на европската сцена и напролет, ќе водат Олимпик Лион и Гент.
Двојки за денешните дуели од 5.коло:
Е група: БАТЕ Борисов – Баер Леверкузен и Барселона – Рома.
Табела: Барселона 10 бодови, Рома 5, Баер Леверкузен 4 и Бате Борисов 3.
Ф група: Арсенал – Динамо Загреб и Баерн Минхен – Олимпијакос.
Табела: Баерн Минхен 9 бодови, Олимпијакос 9, Арсенал 3 и Динамо Загреб 3.
Г група:Порто – Динамо Киев и Макаби Тел Авив – Челзи.
Табела: Порто 10 бодови, Челзи 7, Динамо Киев 5 и Макаби Тел Авив 0.
Х група: Зенит – Валенсија и Олимпик Лион – Гент.
Табела: Зенит 12 бодови, Валенсија 6, Гент 4 и Олимпик Лион 1.
Натпреварите Зенит – Валенсија и БАТЕ Борисов – баер почнуваат во 18 часот, а другите се од 20:45 часот.