ЛШ: Ајакс со Јувентус, Манчестер против Барселона во четвртфиналето

Од:

Фудбалерите на Ајакс ќе играат против Јувентус во четвртфиналето на Лигата на шампионите, беше одлучено денеска со жрепката во Нион.

Манчестер Јунајтед ќе игра со Барселона, додека останатите два натпревара се Ливерпул – Порто и Тотенхем – Манчестер Сити.

Во полуфиналето ќе играат победниците од натпреварите Тотенхем / Манчестер Сити – Ајакс / Јувентус и Барселона / Манчестер Јунајтед – Ливерпул / Порто.

Термините за четвртфиналето се 9, 10, 16 и 17 април, полуфинале на 30 април, 1 мај, 7 мај и 8 мај, додека финалето е закажано за 1 јуни на стадионот Ванда Митрополитано во Мадрид.

Би можело да ве интересира

Прв трофеј за Манчестер сити во Лигата на шампионите

Ана Ололовска

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

Нема „бегање“ од судбината – Барса повторно „налета“ на Баерн во ЛШ, во нивната група и Интер!

Горан Наумовски

Левандовски: Ние сме најголемите фаворити во ЛШ

А1он

Виљареал ја совлада Аталанта за осминафинале во ЛШ

Ана Ололовска

Последно коло од групната фаза во Лигата на шампиони

Ана Ололовска