„Лозари“: Кој се богати на наш грб?

Од:

Навивачката група „ЛОзари“, со писмо реагира на информациите дека добиле влезници за натпреварот Македонија-Хрватска. Писмото ви го пренесуваме во целост:

Во медиумите беше пласирано дека Лозари организирано присуствуваат на фудбалскиот меч Македонија -Хрватска и дека за таа цел се поделени 100 гратис влезници за Лозарите. Еве го официјалниот став на навивачката група и вистината е само една ниту една влезница не допре до организацијата на навивачката група:

Демант за картите (Македонија – Хрватска) и општо известување за членовите и јавноста:Уште еднаш, исто како и безброј пати до сега, некој се обиде да профитира на наш грб, со нашето ИМЕ. И нажалост, успеа. Уште еднаш се покажа дека не секогаш правдата победува, дека партиските интереси се пред моралната одговорност за многу луѓе. И како и сите безброј пати до сега, мислеа дека ние како навивачка група не сме доволно сериозни, доволно агилни да го спречиме тоа, и да се потрудиме никогаш повеќе да не се случи, но тука згрешија.

Ние сме навивачка група која е доволно моќна и без партиска помош, и без попуст од полицијата. Ние сме здружение на граѓани кое не се плаши ниту од ЛОКАЛНИ ШЕРИФИ, а уште помалку од познати криминалци, ситни профитери, местачи на утакмици без свое јас(КАМЕЛЕОНИ-како што еден од нашите членови умее да каже), луѓе кои не знаат што е љубов, верност, искреност и пред се ИСТРАЈНОСТ. Не не плашат ниту најмалку безпотребните приведувања, репресија ( ТЕРОР) од полицијата, која служи како апарат на партиите за заплашување на обичниот народ т.с НАС.

Во ова соопштение исто така сакаме да обрнеме внимание на натпреварот Македонија – Хрватска и влезниците за истиот, бидејќи бевме јавно прозвани околу истиот:

1. НИЕ КАКО НАВИВАЧКА ГРУПА – ЛОЗАРИ ИСТОК од КАВАДАРЦИ СЕ ОГРАДУВАМЕ ОД “ИНЦИДЕНТОТ” СО ВЛЕЗНИЦИТЕ, КОИ БИЛЕ ДОДЕЛЕНИ ОД И НА НЕСООДВЕТНИ ЛУЃЕ КОИ НЕМААТ НИКАКВА ВРСКА СО НАС – ЛОЗАРИТЕ, И ЈА ИЗВЕСТУВАМЕ ЦЕЛАТА КАВАДАРЕЧКА, МАКЕДОНСКА СПОРТСКА ЈАВНОСТ ДЕКА НИТУ СМЕ ЗЕМАЛЕ ВЛЕЗНИЦИ, УШТЕ ПОМАЛКУ ТИЕ ВЛЕЗНИЦИ СМЕ ГИ ПРОДАВАЛЕ.

2. НАВИВАЊЕТО НА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈАТА Е СПРОТИВНО ОД НАШИОТ КОДЕКС, НО НИЕ СМЕ СЕКОГАШ СПРЕМНИ ЗА РАЗГОВОР, ЗА ДОГОВОР ( Договор кој може да биде постигнат само со луѓе кои му мислат добро на Македонскиот и Кавадречкиот фудбал, а не договор со гореспоменатите.

 

П.С Кога ке се дознаат имињата на луѓето од федерацијата кои ни “доделиле” на нас 100 влезници, и кога ке се дознае кој ги примил влезниците, НИВНИТЕ ИМИЊА КЕ БИДАТ ЈАВНО ОБЈАВЕНИ !!!

Би можело да ве интересира

Манчестер Сити и Реал играат за полуфинале во Лигата на шампионите

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати

„Јас сум зависник од дрога и алкохол“

Борусија најмногу се радува на испаѓањето на Лајпциг

Предраг Петровиќ

Навивачи на „Брајтон“ се повредени и ограбени во Рим