Ливерпул се раздели со двајца играчи три дена по триумфот во ЛШ

Од:

Тимот на Ливерпул им посака се на најдобро на Алберто Морено и Даниел Стариџ, кои го напуштаат клубот. Договорите на двајцата фудбалери истекуваат на крајот на месец јуни, а клубот побрза преку клупскиот сајт да му честита на дуото за сè што сторило за клубот во текот на годините.

Даниел Стариџ премина на „Енфилд“ од Челзи во јануари 2013-та година, откако се етаблира како еден од најдобрите голгетери за клубот во текот на годините. Тој постигна 67 гола во 160 натпревари за Ливерпул. Алберто Морено потпиша со „црвените’ во август 2014 година по доаѓањето од шпанска Севиља. Тој запиша 141 натпревар за клубот, означувајќи три гола.

– Најважните зборови кои можам да ги кажам на овие двајца играчи се: Ви благодарам! И двајцата беа тука кога го презедов тимот во 2015-та и во целиот овој период ни помогнаа да се етаблираме како тим кој оди во вистинската насока. Без нив немаше да станеме тим што сме во овој момент, изјави германскиот тренер на тимот Јирген Клоп.

Сè уште нема информации за тоа каде двајцата ќе ја продолжат својата кариера.

Би можело да ве интересира

Саутгејт си поднесе оставка

ВИДЕО: Шпанија рекорден четврти пат е европски фудбалски шампион

Прв трофеј за Манчестер сити во Лигата на шампионите

Ана Ололовска

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

Саутгејт останува англиски селектор

Ана Ололовска

Саутгејт сака да остане селектор на Англија

Ана Ололовска