Ждрепката за 1/32-финалето на ФА Купот беше извлечена вечерва. Од оваа фаза, екипите во Премиер лигата ќе бидат вклучени во трката, а најинтересниот судир ќе биде помеѓу градските ривали Ливерпул и Евертон.
Двете екипи се сретнаа во истата фаза пред две години кога Ливерпул победи со голот на Вирџил ван Дајк во своето деби за „црвените“.
Првото за оваа сезона на дерби на Мерсисајд ќе се одржи во среда на „Енфилд“. Дуелот во ФА Купот ќе се одигра во првиот викенд во јануари.
Ждрепката не беше поволна и за Манчестер Јунајтед, кој ќе гостува кај Вулверхемптон. Минатата сезона токму „волците“ ја елиминираа екипата на Оле Гунар Солскјер во четвртфиналето, откако победија со 2:1.
Носителот на трофејот, Манчестер Сити ќе биде домаќин на Порт Вејл, Тотенхем ќе се соочи со Мидлзборо, Челзи ќе го пречека Нотингем Форест, а Арсенал ќе го има за ривал незгодниот Лидс на Марсело Биелса.
Сите парови во 1/32-финалето:
Челзи – Нотингем Форест
Фулам – Астон Вила
КПР – Свонси
Лестер – Виган
Чарлтон – Вест Бром
Вулверхемптон – Манчестер Јунајтед
Рочдејл / Бостон Јунајтед – Њукасл
Оксфорд – Ексетер / Хартлепул
Сити Кардиф – Форест Грин / Карлајл
Шефилд Јунајтед – Филд
Саутемптон – Хадерсфилд
Ливерпул – Евертон
Бристол Сити – Шрезбери
Борнмут – Лутон Таун
Брајтон – Шефилд Вензди
Бристол Роверс / Плимут – Ковентри / Ипсвич
Истли / Кру – Барнсли
Манчестер Сити – Порт Вејл
Мидлзборо – Тотенхем
Арсенал – Лидс
Гилингем – Вест Хем
Бартон Албион – Нортемптон
Бирмингем Сити – Блекбурн
Барнли – Питерборо.