Уште четири екипи обезбедија пласман во осминафиналето на ФА Купот

Од:

Уште четири екипи се пласираа во осминафиналната фаза на ФА Купот. Синоќа се одиграа репризите од 4-тото коло на турнирот, по кои станаа јасни имињата на тимовите кои продолжуваат понатаму – Вулверхемптон, Њупорт, Квинс Парк Ренџерс и Брентфорд.

Најинтересниот судир беше помеѓу Вулверхемптон и Шресбери. „Волците“ запишаа драматична победа од 3:2 и се пласираа во следната фаза. Мет Доерти (2 и 45) и Иван Кавалеро се запиша за домаќините на „Молину“, додека Џејмс Болтон (11) и Џош Лорен (39) ги постигнаа двата погодоци за гостите.

Изненадувањето дојде од составот на Њупорт, кој го елинираше Мидлсборо. Тимот од Лига 2 победи со 2:0 и го згорчи животот на Тони Пулис и компанија.

Продолжува напред и Квинс Парк Ренџерс, кој победи со 2:0 над Портсмут. Брентфорд пак го елиминираше Барнет по победата од 3:1.

Утре е последниот натпревар од оваа фаза на турнирот. Вест Бромвич и Брајтон ќе излезат повторно едни против други. Првиот натпревар помеѓу нив заврши со 0:0.

Би можело да ве интересира

Преигрувањата во ФА Купот ќе бидат откажани следната сезона

Ана Ололовска

Финалето на англискиот ФА куп ќе добие ново име по идеја на принцот Вилијам

Жарко Настоски

Познати двојките за четвртфиналето на ФА Купот

Ана Ололовска

Ливерпул против Евертон во ФА Купот, тешка ждрепка за Манчестер Јунајтед

Агуеро подготвен за полуфиналето на ФА Купот

Татјана Ташкова

Формирани четвртфиналните двојки во ФА купот