Агуеро подготвен за полуфиналето на ФА Купот

Од:

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола потврди дека напаѓачот Серхио Агуеро ќе патува со тимот за претстојниот полуфинален меч во ФА Купот против Брајтон на „Вембли“.

Аргентинецот го пропушти натпреварот на „граѓаните“ во текот на неделата со Кардиф Сити (2: 0), откако доби повреда за време на победата на тимот против Фулам минатата недела.

Шпанскиот тренер на Сити тогаш одби да потврди дека Агуеро ќе биде со тимот за патувањето во текот на неделата, но на брифингот пред натпреварот со „галебите“ потврди дека „десетката“ на Сити ќе биде во групата.

– Тој е речиси подготвен и ќе патува со нас, изјави Пеп на прес-конференцијата.

Така единствениот посериозен проблем пред Гвардиола останува повредата на Олександр Зинченко, а на лев бек за Сити може да игра Французинот Бенжамен Менди.

Запрашан дали Менди е добро да игра во интензивен фудбалски натпревар по лекување на повреда, Пеп објасни: „Секој може да ни помогне, а и треба – не само Бенжамен.

Се разбира, неговото присуство е бонус за нас. Тој тренира последните десетина дена и нема проблем со него“, рече Гвардиола.

Манчестер Сити има невидена шанса да ја заврши сезоната со освојување на четири трофеи, но Гвардиола смета дека е премногу рано неговиот тим да биде сметан за историски состав.

– Сè уште се многу млад тим, во смисла на постојани успеси. Сепак секоја сезона имаме шанса да освојуваме трофеи, а тогаш стануваш подобар како тим, како организација. Ова е нашата цел. Ние сакаме да играме за титулата во Премиер лигата секоја сезона, во Лигата на шампионите. Засега успеваме, па сум задоволен, додаде уште Гвардиола.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати

„Јас сум зависник од дрога и алкохол“

Борусија најмногу се радува на испаѓањето на Лајпциг

Предраг Петровиќ

Дани Алвеш е осуден на 4,5 години затвор

Предраг Петровиќ

„Телеграф“: ФИФА планира да воведе и син картон како форма на казна

Чеферин за пријателскиот натпревар Русија – Србија: Само Англичаните негодуваат