Ливерпул незадоволен од квотата на билетите за финалето на ЛШ

Од:

Финалистот во фудбалската Лига на шампиони, Ливерпул не е задоволен од распределбата на билетите за мечот за трофејот.

Англискиот клуб добил квота од 16.613 билети за дуелот со Тотенхем кој ќе се одржи во Мадрид на стадионот „Ванда Метрополитано“ кој има капацитет 64 илјади гледачи.

Извршниот директор на Ливерпул, Питер Мур, за дистрибуцијата на билетите ќе разговара со претседателот на УЕФА, Александар Чеферин.

Финалето од Лигата на шампионите за сезоната 2018/19 меѓу Ливерпул и Тотенхем ќе се игра на 1 јуни со почеток во 21 часот.

Би можело да ве интересира

Прв трофеј за Манчестер сити во Лигата на шампионите

Ана Ололовска

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

Нема „бегање“ од судбината – Барса повторно „налета“ на Баерн во ЛШ, во нивната група и Интер!

Горан Наумовски

Левандовски: Ние сме најголемите фаворити во ЛШ

А1он

Виљареал ја совлада Аталанта за осминафинале во ЛШ

Ана Ололовска

Последно коло од групната фаза во Лигата на шампиони

Ана Ололовска