Ливерпул и Базел во директен дуел за влез во осминафиналето на ЛШ

Од:

Во фудбалската Лига на шампиони вечерва уште три екипи ќе обезбедат пласман во осминафиналната фаза, а во директен дуел за влез во 16 најдобри ќе се сретнат англискиот претставник Ливерпул и швајцарски Базел. На Ливерпул му одговара само победа, а на Базел и нерешено.

Италијанскиот првак Јувентус за поминување на групната фаза ќе брка бод со Атлетико Мадрид, истото се однесува и за Монако на натпреварот со Зенит.

Двојки за осумте вечерашни натпревари (почеток 20 часот и 45 минути) во елитното натпреварување и табели во групите А, Б, Ц и Д.

А група: Јувентус – Атлетико Мадрид и Олимпијакос – Малме.
Табела: Атлетико Мадрид 12 бодови, Јувентус 9, Олимпијакос 6, Малме 3.

Б група: Ливепрул – Базел и Реал Мадрид – Лудогорец.
Табела: Реал Мадрид 15 бодови, Базел 6, Ливерпул 4, Лудогорец 4.

Ц група: Бенфика – Баер Леверкузен и Монако – Зенит.
Табела: Баер Леверкузен 9 бодови, Монако 8, Зенит 7, Бенфика 4.

Д група: Борусија Дортмунд – Андерлехт и Галатасарај – Арсенал.
Табела: Борусија Дортмунд 12 бодови, Арсенал 10, Андерлехт 5, Галатасарај 1.

Би можело да ве интересира

Прв трофеј за Манчестер сити во Лигата на шампионите

Ана Ололовска

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

Нема „бегање“ од судбината – Барса повторно „налета“ на Баерн во ЛШ, во нивната група и Интер!

Горан Наумовски

Левандовски: Ние сме најголемите фаворити во ЛШ

А1он

Виљареал ја совлада Аталанта за осминафинале во ЛШ

Ана Ололовска

Последно коло од групната фаза во Лигата на шампиони

Ана Ололовска