Генералниот менаџер на регионалната кошаркарска АБА лига Роман Лисац рече дека бугарскиот клуб Левски ќе биде новиот учесник во ова натпреварување, на местото на Шолнок од Унгарија.
– Левски е новиот член на АБА лигата под услов да ги исполни условите во договорот кој е со важност од три години, изјави Лисац и додаде дека се размислува за промени во завршницата.
Првиот човек на лигата најави нов систем по основниот дел.
– Сакаме да го укиниме „фајнл фор“ турнирот и да воведеме плеј-оф. На тој начин мислиме дека ќе овозможиме поправедна завршница, односно повеќе шанси, а не само еден натпревар да го одлучи целиот труд вложен во текот на сезоната. За да има такви промени секако треба да се согласат клубовите и Националните кошаркарски сојузи, истакна Лисац.