Лионел Меси е избран за најдобар фудбалер во Европа за изминатата сезона

Од:

Лионел Меси е избран за најдобар фудбалер во Европа за минатата сезона во изборот на 55 новинари од Стариот континент.

Гласањето се одвиваше за време на жрепката за групната фаза од Лигата на шампиони. По гласањето, претседателот на УЕФА, Мишел Платини го прогласи победникот во изборот во кој ривали му беа Луис Суарез и Кристијано Роналдо.

– Секако дека ова признание многу ми значи. Но, мора да кажам дека е заслуга на сите мои соиграчи затоа што без тимот не би можел ништо да освојам, рече Лионел Меси.

Наградата за најдобра фудбалерка во Европа за минатата сезона ја доби репрезентативниот напаѓач на Германија Селиа Шашиќ.

Би можело да ве интересира

Драган Стојковиќ: Утре е голем натпревар, ќе се обидеме се за да победиме

Словенија и Данска одиграа нерешено, Јанжа го спречи поразот

A1on

Манчестер Сити и Реал играат за полуфинале во Лигата на шампионите

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати

„Јас сум зависник од дрога и алкохол“