Линдзи Вон ќе продолжи се додека не го скрши рекордот на Стенмарк

Од:

Линдзи Вон веројатно повеќе никогаш нема да вози на Олимписките игри, но Американката се уште има за цел да го подобри рекордот на Ингемар Стенмарк од победи во Светскиот куп.

Триесет и тригодишната Вон има потреба од уште само шест победи, за да стане најуспешна натпреварувачка како кај жените, така и кај мажите во алпско скијање. Во моментов има 81 победа.

– Се надевам дека ќе успеам да го направам тоа во рамките на следната сезона, бидејќи не мислам да се откажувам, пред да го подобрам рекордот, без разлика колку болка чувствувам. Но, навистина се надевам дека ќе е само една сезона, бидејќи потоа ќе ми биде многу тешко, вели Вон.

– Ако, сепак, останам на патеката и по следната сезона, можеби ќе размислам и за следната Олимпијада. Но, сето тоа зависи од моето здравје. Можам само да гарантирам дека ќе продолжам да се борам за овој рекорд, додаде Вон.

Би можело да ве интересира

Лондон го критикува Пекинг за поддршката на Аргентина за суверенитетот на Фолкландските острови

А1он

По првиот викенд во Пекинг – студ и „брутален“ карантин

Ана Ололовска

Лудвиг ја продолжи германската доминација во санкањето

Ана Ололовска

Џакара донесе прво зимско злато за Австралија по 12 години

Ана Ололовска

Ван дер Пел со олимписки рекорд и злато, легендарниот Крамер само деветти

Ана Ололовска

Кобајаши е наследникот на Фунаки – олимпиското злато на малата скокалница!

Ана Ололовска