Лигата на шампиони со 64 екипи во 2015?

Од:

Претседателот на Европската фудбалска федерација, Мишел Платини изјави дека раководството на организацијата планира сериозни промени во Лигата на Шампионите и Лига Европа, дури е можно вториот по важност турнир да биде целосно укинат.

Радикалните мерки можат да влезат во сила од 2015 година, откако се предвидува форматот на Лигата на шампионите, и најмногу неговата финална фаза, да биде променет со 64 тима, наместо сегашните 32.

“Во тек е дебата за формата на европските фудбалски турнири, кои ќе се одржуваат од 2015 до 2018 година”, призна Мишел Платини.

“Дискутираме за работите, а конечната одлука ќе биде донесена во 2014 година. Ништо не е решено сеуште”, додаде уште француската фудбалска легенда.

Во исто време претседателот на УЕФА изјави дека не е загрижен од тврдењата дека богатите европски клубови имаат намера да создадат своја сопствена лига, конкурентна на Лигата.

“Тоа е прашање кое се коментира постојано. Не ме загрижува таа идеја. Не гледам како би можело тоа да функционира надвор од рамките на УЕФА. Кој ќе ги суди натпреварите? На кои стадиони ќе се играат тие мечеви”, запраша Платини.

Би можело да ве интересира

Прв трофеј за Манчестер сити во Лигата на шампионите

Ана Ололовска

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

Нема „бегање“ од судбината – Барса повторно „налета“ на Баерн во ЛШ, во нивната група и Интер!

Горан Наумовски

Левандовски: Ние сме најголемите фаворити во ЛШ

А1он

Виљареал ја совлада Аталанта за осминафинале во ЛШ

Ана Ололовска

Последно коло од групната фаза во Лигата на шампиони

Ана Ололовска