Македонските репрезентативци Горан Пандев и Даниел Георгиевски синоќа со своите екипи доживеаја порази од премиерлигашки екипи во 2. коло од Лигата на шампионите.
Пандев одигра 60 минути во поразот на Наполи на гостувањето во Лондон кај Арсенал. Гостинскиот состав беше далеку од поволен резултат, а според прикажаното „Топџиите“ заслужено ги освоија трите бода со голови дадени во првите 15 минути.
И Георгиевски беше заменет во поразот на Стеауа од Челзи. Пред да ја напушти играта во 70.минута, Македонецот во финишот на првото полувреме постигна автогол за водство на Челзи во тој момент од 2:0. Сините од Лондон во вториот дел постигнаа уште два погодока за убедлив триумф во Букурешт.
Резултати од 2.коло во ЛШ и табели во групите Е, Ф, Г и Х.
Група Е: Стеауа – Челзи 0:4, Базел – Шалке 0:1.
Табела: Шалке 6 бодови, Челзи 3, Базел 3, Стеауа 0.
Група Ф: Арсенал – Наполи 2:0, Борусија Дортмунд – Олимпик Марсеј 3:0.
Табела: Арсенал 6, Борусија Дортмунд 3, Наполи 3, Олимпик Марсеј 0.
Група Г: Зенит – Австрија Виена 0:0, Порто – Атлетико Мадрид 1:2.
Табела: Ателтико Мадрид 6 бодови, Порто 3, Австрија Виена 1, Зенит 1.
Група Х: Селтик – Барселона 0:1, Ајакс – Милан 1:1.
Табела: Барселона 6 бодови, Милан 4, Ајакс 1, Селтик 0.
Вечерва се играат дуелите од 2.коло во групите А, Б, Ц и Д.