Левски не се појави на теренот во Подгорица

Од:

Според најавите, буграскиот кошаркски клуб Левски не се појави на теренот во Подгорица на дуелот од 17 коло од АБА лигата со екипата на Будуќност.

Финансиските проблеми и заминувањето на неколку играчи беа причината тимот да непатува во Црна Гора.

Претседателот на клубот Леонид Гајдаџиев се надева дека до следниот дуел со Шолнок, односно до 17 јануари, ќе имаат договори со нови играчи и ќе го продолжат натпреварувањето.

Левски побара одлагање на дуелот, но бидејќи раководството на АБА лигата им одложи еден натпревар (со Задар), овојпат не им излезе во пресрет. Натпреварот ќе биде регистриран со 20:0 за Будуќност, а Левски нема да добие бод.

На другите натпревари одиграни од оваа рунда од АБА лигата се псотигната следниве резултати: Шолнок – МЗТ Скопје 73:76, Крка – Игокеа 78:67 и Партизан – Олимпија 81:74.

Вечерва играат: Металац – Цедевита и Мега – Црвена Звезда, додека во понеделник е дуелот Задар – Цибона.

Табела: Црвена Звезда 16-0 (победи-порази), Будуќност 13-3, Цедевита 11-5, Партизан 10-7, Цибона 9-7, Олимпија 8-9, Крка 7-10, Шолнок 7-10, Мега 7-9, Металац 7-9, МЗТ Скопје 6-11, Игокеа 5-12, Задар 7-8, Левски 1-14.

Би можело да ве интересира

Општина Аеродром до сите љубители на спортот: Влезот е бесплатен, дојдете заедно да ги бодриме кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром

Ана Ололовска

Илиевски: Честитки за Борац, повредите и загубените топки не чинеа пораз

Ана Ололовска

Победнички старт на МЗТ Скопје Аеродром во АБА 2 лигата

А1он

Стартува новата сезона во АБА лигата

Ана Ололовска

МЗТ Скопје рано ги заврши настапите во АБА 2 лигата

Ана Ололовска

МЗТ Скопје со пораз го заврши АБА 2 турнирот во Сараево

Ана Ололовска