Лев: Да извлечеме поука и да се вратиме посилни

Од:

Германската фудбалска репрезентација нема по убаво да го памти првото издание на новото натпреварување на УЕФА – Лигата на нации. „Панцирите“ во конкуренција на Холандија и Франција завршија последни во групата и испаднаа од А-лигата.

-Ова натпреварување е едно ново искуство за нас. ;ораме да извлечеме поука од него и да се вратиме посилни, изјави селекторот на Германците, Јоаким Лев.

Неговите избраници синоќа во Гелзенкирхен одиграа 2:2 со Холандија и покрај водството од 2:0. Тоа беше петти натпревар по ред на кој Германија не победила, што е најлоша низа по онаа во 1979 година кога имаа шест врзани меча без триумф.

Би можело да ве интересира

Почина легендарниот германски фудбалер Андреас Бреме

Германците ја „изиграа“ ФИФА и ги носеа боите на виножитото на Светското првенство

Македонските фудбалери од Бугарија го почнуваат походот по ново Европско првенство

Катерина Ѓуровски

Леверкузен ја „здроби“ Борусија сред Дортмунд

Ана Ололовска

Авто-гол го реши дербито Баерн-Лајпциг

Ана Ололовска

Ајнтрахт триумфално мина низ Штутгарт, значајни победи за Келн и Аугсбург

Ана Ололовска