Леклер ќе биде поагресивен по одлуката во Австрија

Од:

Пилотот на Ферари, Шарл Леклер ја прифатил одлуката на стјуардите во Австрија пред две недели, која го лиши од првата победа во Формула 1, но се надева на повеќе постојаност во нивните одлуки оттука натаму.

На „Ред Бул Ринг“, Макс Верстапен го истурка Леклер од патеката на крајот на трката, но по тричасовен преглед на ситуацијата, Холанѓанецот од Ред Бул ја задржа победата.

– Мислам дека немам проблем со инцидентот. Беше лесно за мене да продолжам. Единствено што сакам е повеќе постојаност. Имам чувство дека за полесни инциденти, пилоти се казнети во последните месеци. Ако можеме да се натпреваруваме по начинот на кој возеше Макс во Австрија, јас ќе сум повеќе од среќен. Верувам дека е корисно за Формула 1 и дека сите пилоти го сакаме тоа. Ако треба да сум целосно искрен, Макс имаше предност со гумите и на мене ми беше доста тешко да го задржам зад себе. Имајќи предвид слични ситуации во минатото, поради начинот на кој тој излезе пред мене, требаше да биде казнет, смета пилотот од Монако.

На крајот, продолжува тој, јас сум задоволен што може да се натпреваруваме на овој начин, под услов одлуките за овие ситуации да се исти.

– Како пилоти ние секогаш се стремиме да бидеме толку блиску до конкурентите, колку што правилата дозволуваат. Дефинитивно ќе го сменам пристапот овој викенд и ќе бидам поагресивен, прокоментира Леклер на прес-конференцијата пред почетокот на викендот за Гран При на Велика Британија.

Би можело да ве интересира

Азурно сино Ферари на трката во Мајами

Предраг Петровиќ

Хорнер: Верстапен има привилегии во Ред Бул, исто како Хамилтон во Мерцедес

Саинц победи во Сингапур

Трката во Формула 1 во Холандија беше прекината поради силен дожд

ВИДЕО: Норис му го скрши трофејот од 40.000 евра на Макс Верстапен

Предраг Петровиќ

Алонсо ќе носи кацига посветена на првиот Ф1 болид на Астон Мартин