Американката Кејти Ледецки денеска го собори сопствениот светски рекорд во слободен стил на 1.500 метри на Светското првенство во пливање што се одржува во рускиот град Казањ.
Ледецки, која исто така држи светски рекорди на на 400 и 800 метри, во квалификациите на 1.500 постигна најдобар резултат на сите времиња – 15:27,71 минути.
Претходниот рекорд изнесуваше 15:28,36 минути постигнат пред една година.
Ова е втор светски рекорд во Казањ, откако вчера Швеѓанката Сара Сјостром гоподобри најдоброто време на 100 метри пеперутка.