Возачот на Ситроен, Себастијан Леб е победник на релито Акрополис, шестата рунда од ФИА светскиот рели шампионат.
Јари-Мати Латвала и Петер Солберг се соочија со проблеми во текот на вчерашниот и денешниот ден, на Леб не му остана ништо друго освен лесно да финишира и да ја земе победата во своите раце.
Мико Хирвонен и Јармо Лехтинен се погрижија ова да биде супериорна 1-2 победа за тимот на Ситроен, додека финецот Јари-Мати Латвала од тимот на Форд, ќе го пополни последното место на подиумот.
Ова е четврта сезонска победа за Себастијан Леб во WRC шампионатот.