Капитенот на македонската ракометна репрезентација Кирил Лазаров не го криеше задоволството од значајната победа над Ислан во квалификациите за ЕП во Хрватска 2018 година.
По натпревраот Лазаров потенцираше дека победата е резултат на одличната колективна игра во која и помладите имале значаен удел, но пред се и публиката присутна во СЦ „Борис Трајковски“ која безрезервно во текот на целиот меч ги бодреше црвено-жолтите.
– Одигравме квалитетен натпревар, речиси во сите 60 минути и имавме само мали падови. Не се сеќавам кога сме одиграле толку квалитетно против силна репрезентација. Среќен сум поради победата, но и поради нашата ментална стабилност. Делувавме како тим и ќе одиме во Исланд со идеја дека нема што да загубиме, само можеме да се надигруваме, без да се оптеретуваме со крајниот резултат. Победата и ја посветувам на цела Македонија, изјави Лазаров по натпревраот кој Македонија го доби со 30-25, а тој беше стрелец на 11 голови.
Возвратниот натпревар е во недела од 19.45 часот во Рејкјавик, а во рамките од 4.коло на квалификациската група 4 во која ден порано ќе играат Чешка и Украина.