Лаутаро Мартинез: Меси е најдобриот играч на светот, тој е модел за секого, мора да учиме од него

Од:

Напаѓачот на Интер, Лаутаро Мартинез го пофали својот соиграч од аргентинската репрезентација Лионел Меси.

– Меси е најдобриот играч на светот. Тој е наш, Аргентинец. Тренира максимално, тој е модел за сите. Лео прави сè што не прават другите играчи. Треба да уживаме и да учиме од него. Никогаш нема да го заборавам првиот ден во репрезентацијата, кога влегов во тимот со него на 20 години. Ме прифати. Го гледав како тренира и мислев дека сонувам.

Меси е многу среќен што го освои Купот на Америка, ние му помогнавме да му се исполни желбата – трофеј со репрезентацијата. Сега тој победи и јас сум многу среќен за него, истакна Мартинез.

Неодамна Меси со Аргентина победи на Купот на Америка и го освои првиот трофеј во националниот дрес.

Би можело да ве интересира

„Тајм“ го прогласи аргентинскиот фудбалер Лионел Меси за спортист на годината

Горан Наумовски

Новиот, можеби последен, дуел меѓу Меси и Роналдо во февруари во Саудиска Арабија

Хјустон го победи Интер и го освои УС Опен Купот, Меси натпреварот го следеше од трибините

Телохранителот на Меси доби интересна бизнис понуда

Телохранителот на Меси има нова функција додека трае натпреварот

Меси: Интер Мајами може да го освои финалето на Лига купот