Лапорта призна дека е бесен што Дембеле не замина во јануари

Од:

Барселона тврдат дека Усман Дембеле веќе има договорено трансфер со слободен трансфер по крајот на сезоната, откако претседателот Жоан Лапорта призна дека е исфрустриран од однесувањето на Французинот.

Барса се надеваа дека ќе се „ослободат“ од Французинот и неговата висока плата до крајот на преодниот рок, со наводен договор со Челси во последен момент, но на крајот стана јасно дека тој ќе остане до крајот на сезоната на „Ноу Камп“, иако е нејасно дали ќе добие шанса да заигра за клубот.

„Му понудивме продолжување на договорот, многу добра понуда. Потоа испадна дека се работи за економска работа, дека сака повеќе. Неговиот агент не кажа ништо и дојде до оваа ситуација. Ние го дадовме нашиот максимум, му дадовме две понуди и двете беа добри. Бевме многу изненадени што не ги прифати. Последната беше од англиски клуб и не сакаше да оди, туку сакаше да остане уште шест месеци. Тоа не е добро ниту за него, ниту за клубот. Целата работа е тешко да се разбере. Мислиме дека има договор со друг клуб. Ќе реагираме за доброто на клубот“, изјави Лапорта.

Би можело да ве интересира

Лапорта: Тебас е опседнат со валкање на имиџот на Барселона

ВИДЕО: Шпанците немаа милост за Костарика

Лапорта беснеел по Интер – Бил уморен е од некои играчи на Барселона

Најдобриот играч ја напушта Валенсија и се сели на Островот

Горан Наумовски

Поради транспарент Вукчевиќ си замина од ФК Лапи

Горан Наумовски

Дембеле решил да остане во Барселона

А1он