Лампард: Ќе купуваме уште играчи летово

Од:

Челзи нема да запре со трансферите ова лето, навести тренерот на тимот Франк Лампард. „Сините“ веќе ги привлекоа Хаким Зиеш од Ајакс и Тимо Вернер од РБ Лајпциг, но тие се поврзани и со плејмејкерот Каи Хаврц од Баер (Леверкузен).

Лампард објасни дека Челзи мора да се израмни со Ливерпул и Манчестер Сити.

– Веќе завршивме добра работа (на пазарот за трансфер), но претстои уште. Ние се обидуваме да одиме во одредена насока и сигурно нема да биде лесно да ги постигнеме нашите цели. Се виде јасно во другите тимови во последните години – напредокот се случува чекор по чекор. Направивме добри работи и оваа година, но е рано да се прави пресметка. Прво, треба да се фокусираме на последните три натпревари – два во првенството и финалето на ФА Купот против Арсенал, рече Лампард.

Би можело да ве интересира

Фудбалерите на Вулверхемптон го победија Челзи во 18. коло од англиската Премиер лига

Санчез ќе мора да паузира одреден период поради повреда

Челзи се договори за нов спонзор: „Сините“ ќе заработуваат 40 милиони по сезона

(ВИДЕО )Навивачите на Јувентус упаднаа на теренот со порака: Не го сакаме Лукаку

Предраг Петровиќ

Челзи го претстави новото засилување

Предраг Петровиќ

Канте наскоро се враќа во Челси, ќе добие и продолжување на договорот