Кошаркарот на Карпош Соколи Драган Лабовиќ е прогласен за најкорисен во 21.коло од регионалната АБА лига.
Лабовиќ прикажа одлична игра во победата над ФМП во саботата во СЦ „Борис Трајковски“. Тој со 21 поен, осум скокови, две асистенции и шест украдени топки собра 30 индексни поени, доволни за МВП признанието.
Со одличниот ефект на Лабовиќ, Карпош Соколи ја оствари деветтата победа оваа сезона и направи голем исчекор кон средината на табелата, оставајќи ги зад себе конкурентите за опстанок.
Повеќе поени на корисност од Лабовиќ оствари Октавиеус Елис од Морнар, вкупно 33, но поради поразот на неговиот тим од Цедевита, не ја доби наградата МВП.
Трет по број на инд.поени (27) во оваа рунда од АБА лигата е Џамар Рајан од Цедевита.