Во фудбалскиот шампионат на Шпанија претстојните три дена на програмата се натпреварите од 21. коло во кое нема меѓусебен дуел на екипи кои претендираат за највисок пласман.
Денеска на програмата се четири натпревари: Селта Виго – Сосиедад, Леванте – Ваљадолид, Сарагоса – Еспањол и Депортиво Ла Коруња – Валенсија.
Неделната програма започнува со средбата Реал Мадрид – Хетафе, а во останатите натпревари ќе играат, Рајо Ваљекано – Бетис, Барселона – Осасуна, Атлетик Билбао – Атлетико Мадрид и Мајорка – Малага.
Колото ќе биде комплетирано в понеделник со натпреварот Севиља – Гранада.
Табела: Барселона 55 бодови, Атлетико Мадрид 47, Реал Мадрид 40, Бетис 35, Малага 32, Рајо Ваљекано 31, Валенсија 30, Леванте 30,…