Голманот на Реал Мадрид, Тибо Куртоа се осврна на осминафиналната пресметка од Лигата на шампионите со Аталанта.
– Игравме добро во дефанзива. Тие знаеја во кој момент вреди да се направи чекор назад, и кога е потребно да се тргне напред за да се вклучи притисокот. Неколку пати морав да направам одбрани по ударите на Запата. Тука беше и голот на Муриел. Всушност, мислев дека Малиновски ќе го погоди мојот агол. И подоцна ми рече дека тоа е идејата. Но, Муриел ја виде мојата локација и нанесе брилијантен удар. Јас сум многу задоволен од прикажаната игра и влегувањето во следната фаза. Во Италија, Аталанта постигнува многу, но нашиот гол го погодија само еднаш, изјави Куртоа.
Реал го елиминира италијанскиот претставник со две победи, 3:1 синоќа на домашен терен и 1:0 на гостувањето во Бергамо на првиот дуел.