Кубица најбрз по обновувањето на Ф1 тестовите во Барселона

Од:

Резервниот пилот на Алфа Ромео, Роберт Кубица го даде најдоброто време во првиот ден од втората недела на тестовите во Барселона. Полјакот го забележа најбрзиот круг во утринската сесија со најлесните мешавини на „Пирели“, а неговиот резултат не беше подобрен до крајот на денот.

Втор заврши Макс Верстапен со Ред Бул, кој го направи најбрзиот круг со „медиум“ пневматиците. Холанѓанецот дозволи две вртења, а второто на свиокот 10 предвреме ја сопре тимската програма. Во исто време, Данил Квјат со Алфа Таури застана на свиокот 9 и тоа беше причината за црвеното знаме.

Трето време даде Серхио Перез, кој го продолжи трендот за силно темпо од страна на Рејсинг Поинт. Од четвртото до шесто место се најдоа автомобили со „Хонда“: Квјат и Гасли со Алфа Таури останаа пред Албан со Ред Бул, но утрово сите имаа технички проблеми.

Себастијан Фетел со Ферари го предизвика првото црвено знаме на денот: тој се заврти на осмиот свиок, но сепак успеа да комплетира 84 круга до паузата за ручек. На крајот остана 10-ти.

Латифи со Вилијамс направи 48 круга, но неговиот WF43 запре на деветтиот свиок, што исто така доведе до црвено знаме. Сепак, механичарите успеаја да го решат проблемот, па Џорџ Расел попладнево ја заврши тест програмата на тимот.

Би можело да ве интересира

Азурно сино Ферари на трката во Мајами

Предраг Петровиќ

Хорнер: Верстапен има привилегии во Ред Бул, исто како Хамилтон во Мерцедес

Саинц победи во Сингапур

Трката во Формула 1 во Холандија беше прекината поради силен дожд

ВИДЕО: Норис му го скрши трофејот од 40.000 евра на Макс Верстапен

Предраг Петровиќ

Алонсо ќе носи кацига посветена на првиот Ф1 болид на Астон Мартин