Денешниот натпревар на Јувентус против Локомотив Москва во Лигата на шампионите може да влезе во историјата.
Доколку Кристијано Роналдо постигне гол, тој ќе постави нов рекорд за најголем број различни тимови на турнирот, против кој реализирал гол.
Напаѓачот на „бјанконерите“ во моментов ја дели првата позиција со Раул Гонзалез, откако двајцата постигнале гол против 33 различни противници во лигата на богатите.
Рускиот тиме е еден од ретките, на кои ЦР7 не им дал гол.
Инаку, Роналдо го држи рекордот за најмногу постигнати голови на турнирот воопшто – 130.
Португалецот има реализирано 64 од нив во фаза на директна елиминација.