Македонскиот претставник во регионалната кошаркарска СИГАЛ БИБЛ лига загуби на стартот на новата сезона. Гевгеличани синоќа на домашен терен се поразени од Морнар со 79:63.
Гостите од Црна Гора доминираа во првата , втората и последната четвртина, додека Кожув беше подобар само во вториот период (17:27, 22:15, 10:16, 14:21).
Најефикасни во редовите на домаќините беа интернационалците Брендон Пен и Ратко Варда со по 20 односно 19 поени. Кај Морнар прв стрелец е Балша Радуновиќ со 20 поени.
Денеска се игра вториот натпревар од 1.коло во А групата. Берое во Стара Загора (Бугарија) ја пречекува екипата на Сигал Приштина (Косово).