Кошаркарите на Кожув се поразени во првиот меч против Пеќ во рамките од четвртфиналето на регионалната Балканска кошаркарска лига (БИБЛ).
На натпреварот одигран вечерва во Пеќ, екипата на Кожув загуби од косовскиот претставник во БИБЛ, Пеќ со 83-66.
Најефикасен во редовите на гевгелиската екипа беше Кенион Мек Нил со 27 поени, додека Миливоје Мијовиќ средбата ја заврши со 12 поени.
Реванш натпреварот ќе се игра во Гевгелија по седум дена, а доколку Кожув сака да се пласира меѓу четирите најдобри екипи, ќе мора да ја надополни негативата од 17 поени разлика со кои беше поразен денеска.
Потсетување вчера, Фени Индустри го победи црногорскиот тим Теодо со 100-97, па на гостувањето во Бар, кавадарчани ќе имаат тешка задача да ја сочуваат минималната предност остварена на синоќешниот меч во Кавадарци.
Македонија веќе има полуфиналист во БИБЛ лигата и тоа во екипата на Куманово која како и бугарскиот тим Берое директно обезбедија пласман во полуфиналната рунда, како најдобро пласирани екипи од своите групи.