Кожув победи, но недоволно за полуфинале во БИБЛ лигата

Од:

Кошаркарите на Кожув од Гевгелија и покрај победата вечерва од 77:67 (28:13; 15:23; 19:18; 15:13) над Пеќ во реванш четвртфиналето од БИБЛ лигата не успеаја да ја минат оваа фаза бидејќи на првиот натпревар во Пеќ противникот победи со 83:66. Пеќ во полуфиналето ќе игра против Куманово, кој во оваа фаза беше слободен.

Екипата на Кожув негативата од 17 поени, не успеа да ја достигне иако во два наврати имаше водство од 16 поени (28:12 – 10.минута и 74:58 – 36.минута). Најефикасен кај Кожув беше Бојан Крстевски со 20 поени, а кај победникот најмногу поени постигна Џејми Били во 22 поена.

Во второто полуфинале ќе играат Берое и Теодо. Екипата на Теодо во четвртфиналето ја елиминира екипата на Фени Индустри.

Би можело да ве интересира

БИБЛ лига: ТФТ поразен на гостувањето во Приштина

А1он

Стартна победа на ТФТ Скопје во БИБЛ лигата

А1он

Академија ФМП ќе учествува во БИБЛ во сезоната 2021/22

Ана Ололовска

БИБЛ му се заблагодари на Милојевиќ кој ја заврши судиската кариера

Ана Ололовска

Koшаркарите на ТФТ „прегазени“ во Бугарија во натпревар од БИБЛ лигата

Жарко Настоски

Куманово подобар од ТФТ во воведното коло од БИБЛ

Ана Ололовска